SportM
Фудбал

Покетино откри што му ветил Мбапе пред натпреварот со Барселона

Д М17 фев 2021
Покетино откри што му ветил Мбапе пред натпреварот со Барселона

Фудбалерите на ПСЖ синоќа ја „удавија“ Барселона на „Камп Ноу“ (4:1) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Каталонците поведоа со голот на Лионел Меси од белата точка, но потоа на сцена стапи Килијан Мбапе и одигра маестрална партија.

Мбапе постигна три гола и го предводеше својот тим до убедлива победа, а мора да се каже дека ПСЖ сега е со една нога во четвртфиналето на ова натпреварување.

По натпреварот, Маурисио Покетино откри дека Мбапе пред натпреварот му рекол дека ќе победи и дека таа победа ќе биде во негова чест.

“На тренинг пред натпреварот, тој ме праша колку пати сум победил на Камп Ноу. Му реков дека тоа го сторив еднаш во 2009 година како тренер на Еспањол. Тој кратко ми рече: ‘Утре ќе славиш по втор пат’. Тоа беше тоа. “– рече Покетино по натпреварот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.