SportM
Фудбал

Покетино се огласи вечерва: Мбапе игра против Реал Мадрид?

Д М8 мар 2022
Покетино се огласи вечерва: Мбапе игра против Реал Мадрид?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера доживеа еден удар на тренингот на ПСЖ.

Во ПСЖ имаше стравувања дека најдобриот стрелец и играч ќе пропуштат важен натпревар од осминафиналето, но тренерот Маурисио Покетино вечерва најави дека најверојатно ќе го започне утрешниот дуел во Мадрид.

Мбапе денеска пристигна во Мадрид со остатокот од парискиот тим и вечерва одработи нормален тренинг, па ќе му биде на располагање на Покетино во „мечот на годината“.

Инаку, Мбапе постигна гол во финишот на првиот натпревар на овие екипи во осминафиналето, кога ПСЖ беше домаќин за да слави со 1:0.

Во реваншот ќе има голема неизвесност, сега ПСЖ е пред уште потешка задача, но со Мбапе шансите на Французите се многу поголеми кога е во прашање борбата за пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Натпреварот Реал – ПСЖ се игра утре (среда) со почеток од 21 часот.

Треба да се напомене дека Мбапе имаше убав пречек во шпанската престолнина, а навивачите на Реал се убедени дека од лето ќе го носат дресот на својот тим. Не е тајна дека Мбапе е голема желба на Флорентино Перез и дека веќе работат на тоа Французинот да потпише договор со лидерот на Ла Лига како слободен играч.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.