Покетино зборуваше за трансферот на Рамос: Серхио е играч на Реал, но …

На почетокот на оваа година, француските медиуми објавија дека Серхио Рамос е на радарот на ПСЖ.
Приказната полека добиваше сила, а тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино конечно проговори за целата ситуација.
„Серхио Рамос во ПСЖ? Јас сè уште не сакам да зборувам конкретно. Серхио е сè уште играч на Реал Мадрид, но времето ќе покаже што ќе се случи“, изјави Покетино и додаде:
„Ние сакаме да ја подобриме конкуренцијата во тимот на сите позиции. Здравата конкуренција е многу важна за тимот“.
Mauricio Pochettino: “Sergio Ramos to PSG? I won't answer because everything can be misinterpreted… Sergio is a Real Madrid player. But what I can say is that like every team we want to improve in all positions”. 🔵🔴🇪🇸 #PSG @hadrien_grenier
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 11, 2021
Договорот на Рамос со Реал важи до следниот месец, а тој се уште не се согласил да ја продолжи соработката со Кралевите. Се чини дека Шпанецот дефинитивно се реши да замине затоа што клубот не му нуди договор скроен по него, а тој не се согласува со „послабиот“.
„Имам 34 години, но се чувствувам како да имам 28 години. Фит сум како што бев пред десет години. Можам да играм уште пет врвни сезони“, рече Рамос и продолжи:
„Сакам да настапам на Светското првенство во 2026 година и да станам единствениот во историјата со шест настапи на Светското првенство“.
Сезоната за него во Реал е далеку од добра. Тој имаше многу повреди, а Кралевите засега се без трофеи. Единствено што им преостанува е да се борат во Ла Лига, а таму ситуацијата на крајот на сезоната е доста комплицирана.



