Политано близу Рома
Д М14 јан 2020

Интер попушти и Матео Политано се доближи до трансферот во Рома.
Рома е заинтересирана за Политано откако е сериозно повреден играчот од средниот ред Николо Заниоло, а самиот играч сака да го напушти Интер, бидејќи тој не е во посериозните планови на Антонио Конте.
Покрај Рома, Политано го посакуваше градскиот ривал на Интер, Милан, се зборуваше за размена затоа што Интер го сакаше Френк Кеси, но таму не беше постигнат договор, а Политано сè уште е во Интер.
Со оглед дека тој не е во протоколот за вечерашниот натпревар во Купот со Каљари, се повеќе е сигурно дека ќе се пресели во Рома.
Вчера, Џанлука Ди Марцио напиша дека Леонардо Спиназола ќе биде вклучен во договорот бидејќи обајцата се вредни за околу 25 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



