SportM
Фудбал

„Политичарите ни зедоа 600 милиони евра од нашите џебови!“

Д М2 јун 2020
„Политичарите ни зедоа 600 милиони евра од нашите џебови!“

Франција го заврши шампионатот пред скоро еден месец поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, а тоа на крајот им донесе сериозни проблеми на клубовите.

ПСЖ беше прогласен за шампион, беше решено дека според досегашниот пласман, клубовите ќе играат во Европските натпреварувања, а има и испаѓања. Сепак, француските клубови се бесни од потезите на државните власти затоа што им „зедоа 600 милиони евра од џебовите“.

Бернар Кајазо, потпретседател на Сент-Етјен, е првиот човек во клупското здружение во Франција и сега изрази бес поради одлуката на француските власти да го стопираат спортот.

Франција е единствената земја во Лига Пет која нема да игра фудбал ова лето.

„Отсекогаш сме го поддржале предлогот клубовите да продолжат да играат за да не се соочиме со економски колапс. Но, моравме да престанеме предвреме затоа што тоа го сакаа политичарите. Немавме избор. Од нас се бара да бидеме добри граѓани и тие нè осакатуваат 25 проценти помалку. И сега гледаме дека секој може да игра фудбал, само ние не можеме. Не знам дали некој разбира, но францускиот фудбал изгуби 600 милиони евра. Поради тоа, прашање е дали сега сме конкурентни со Европа, кога сезоната ќе продолжи на меѓународно ниво“, рече Кајазо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.