SportM
Фудбал

Политичарка од Парагвај до Мбапе: Внимавај, веќе го ставивме во затвор Роналдињо!

Редакција7 јул 2026
Политичарка од Парагвај до Мбапе: Внимавај, веќе го ставивме во затвор Роналдињо!

Парагвајската политичка сцена и светската фудбалска јавност се потресени од остар вербален конфликт меѓу сенаторката Селесте Амарила и францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.

Тензиите ескалираа откако Амарила упати расистички навреди кон Мбапе по елиминацијата на Парагвај од Франција во осминафиналето на Светското првенство.

Сенаторката тогаш го нарече „колонизиран Камерунец кој се преправа дека е Французин“, притоа исмевајќи ја и неговата интелигенција.

Францускиот напаѓач не остана должен, па нејзиниот настап го оцени како презирен и недостоен за позицијата што ја има во општеството.

По неговиот остар одговор, парагвајската политичарка дополнително ја заостри реториката и јавно се закани со судска тужба.

Во својата официјална објава таа испрати директно предупредување до ѕвездата на Реал Мадрид, потсетувајќи го на претходни правни процеси во нејзината земја.

„Би му порачала да биде внимателен со Парагвајците, бидејќи ние веќе го затворивме Роналдињо поради корупција. Не ме потценувај, можам да те изведам пред суд“, беше нејзината порака која одекна во јавноста.

Покрај заканите со правна постапка, Амарила сега бара официјално извинување од фудбалерот, а истовремено го обвинува и за наводно насилство врз жени.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.