Полицијата изврши претрес во домот на лекарот на Марадона

Истражителите земале изјави од роднините на Марадона, соопшти обвинителството на Сан Исидора.
Аргентинската полиција во неделата изврши претрес во куќата и канцеларијата на личниот лекар на Марадона, како дел од истрагата за причините за смртта на 60-годишната легенда на аргентинскиот фудбал.
Новинарите забележале неколку полициски службеници пред вратата на канцеларијата на неврологот Леополд Лук (Луке) во населбата Белграно, во Буенос Аирес, пренесува Анадолија.
Истражителите земале изјави од роднините на Марадона, според обвинителството на Сан Исидор, кое ја надгледува истрагата за медицинската нега што Марадона ја добивал пред неговата смрт во средата.
Тие додадоа дека истражителите сакаат да го зачуваат неговото медицинско досие. Марадона беше погребан во четвртокот за време на приватна церемонија на која присуствуваа околу 20 лица.
Еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња почина од срцев удар во неговиот дом во близина на Буенос Аирес, каде се опоравуваше од операцијата на мозокот што ја имаше на 3 ноември. Марадона веќе подолго време имал повеќе здравствени проблеми, од кои некои се предизвикани од употреба на дрога и алкохол.



