SportM
Фудбал

Положани по победата од 5:0 на Шкендија: Сакаме да стигнеме што е можно подалеку во Европа!

Редакција10 јул 2026
Положани по победата од 5:0 на Шкендија: Сакаме да стигнеме што е можно подалеку во Европа!

Екипата на Шкендија со убедлива победа од 5:0 на гостински терен против Европа од Гибралтар ја стартуваше новата европска сезона. Тетовчани со триумфот ја потврдија и фаворитската улога.

–   Кога ќе победите 5:0 мора да им честитате на фудбалерите за одличниот резултат. Сепак ќе треба да направиме корекции бидејќи имавме одредени слабости. Победата е важна за самодовербата и сакаме да стигнеме што подалеку во европските натпревари. Мора да се потрудиме да го повториме успехот. Нашата цел е повторно да бидеме дел од европската елита, не само за доброто на клубот, туку и за македонскиот фудбал во целина, изјави тренерот на Шкендија Артим Положани.

Реваншот од првото квалификациско коло Шкендија – Европа се игра в четврток 16.јули на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.