SportM
Фудбал

Поради Барселона, Алварез исвиркан од сопствените навивачи (ВИДЕО)

Редакција24 авг 2026
Поради Барселона, Алварез исвиркан од сопствените навивачи (ВИДЕО)

 Навивачите на Атлетико го исвиркуваа напаѓачот Хулијан Алварез за време на ремито 2:2 против Виљареал во второто коло од шпанската Ла Лига.

Дваесет и шестгодишниот Аргентинец влезе како замена во второто полувреме на дуелот во Мадрид.

По натпреварот, Алварез не им се придружи на соиграчите во отпоздравувањето на навивачите за нивната поддршка и отиде директно во соблекувалната.

Во летото, Алварез јавно ја објави својата желба да го напушти клубот, сакал во Барселона.

Напаѓачот е во Атлетико од летото 2024 година. Тој одигра 107 натпревари за тимот, постигнувајќи 49 гола и давајќи 17 асистенции

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.