Connect with us

Фудбал

Порака која се чекаше: Што му рекол „себичниот“ Салах на Мане?

Садио Мане и Мохамед Салах со години се ударниот тандем на Ливерпул.

На „Енфилд Роуд“, Сенагалац и Египјанецот се стекнаа со репутација на најдобри играчи во светот, но нивните патишта се одвоени бидејќи Мане потпиша за Баерн.

Во текот на петте сезони во кои ја делеа соблекувалната, тие освоија се што може да се освои и стекнаа милиони фанови ширум светот.

 

Познато е и дека Салах во некои ситуации не го красеше тимската игра, па често беше себичен кон Мане, но и кон другите соиграчи.

Иако заедно славеа многу голови, ќе остане запаметена сцената од дуелот против Барнли кога Салах не му додаде ниту една топка на Мане, што го налути Мане.

 

Токму поради тоа со посебно внимание се чекаше прошталната порака на Салах од новата ѕвезда на најтрофејниот германски клуб.

 

“Тоа беше вистинско “возење”. Ви благодарам за сите убави моменти и ви посакувам се најдобро во вашата нова авантура. Ќе ни недостогаш на сите”, изјави Салах.

За време на заедничкиот престој на „Енфилд Роуд“, двајцата најдобри африкански фудбалери освоија шест трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите и Премиер лигата.

 

 

 

Реклама

Facebook