Фудбал
Поранешен фудбалер на Вардар одлучи да ја прекине пензијата и да потпише за словенечки тим!
Поранешниот фудбалер на Вардар и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Сенаид Ибричиќ на 38 години одлучи да ја прекине фудбалската пензија и повторно да се врати на теренот. Тој потпиша за словенечкиот нисколигаш ФК Шмартно, основан во 1979 година.
-Порано уживав во фудбалот како професионалец, но сега уживам во дружењето низ играта. Фудбалот секогаш ќе ми биде во крвта и не можам да избегам од него, дури и во пензија. Ова е ново ниво на уживање во рекреативците и ветераните. Со нетрпение ги очекувам натпреварите, а особено на дружењето со овие момци и нивниот тим“, изјави Ибричиќ
Поголемиот дел од својата кариера Ибричиќ играше во Хајдук, каде пристигна во 2008 година и за три години забележа 95 настапи за сплитскиот тим, а во тој период постигна 40 гола со 22 асистенции со што заработи трансфер во Локомотив Москва. Играше и за турските клубови Газиантепспор и Касимпаша, македонскиот Вардар, а кон крајот на кариерата и словенечките Копер и Домжале. Сега по две години пензионирање се враќа на фудбалот за лично задоволство да му помогне на мал словенечки клуб.