Поранешен судија за пеналот на Реал: Грешка!
Д М24 окт 2020

Реал Мадрид ја совлада Барселона на „Камп Ноу“ во Ел Класико со 3:1.
После натпреварот многу се зборува за пеналот што судијата Мартинез Мунуера го досуди за Кралевите, од кој Серхио Рамос погоди за 2:1.
Судијата доби бројни критики, а неговиот поранешен колега Андујар Оливер, кој работи како стручен консултант, тврди дека немало пенал.
“Ваквите слаби дуели не се причина да се суди пенал. Вака ќе се судат 40 пенали по натпревар”, изјави Оливер за Марка.
Се пожалија и од Барселона на крајот од натпреварот, но на крајот нема поплаки.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



