SportM
Фудбал

Поранешниот играч на Тотенхем во проблеми поради дрога се соочува со затворска казна

Д М29 јан 2022
Поранешниот играч на Тотенхем во проблеми поради дрога се соочува со затворска казна

Поранешниот играч на Тотенхем, Крис Армостронг е во големи проблеми.

Фудбалерот кој најголемиот дел од кариерата го мина во Спарс би можел да биде зад решетки.

Како што пренесуваат англиските медиуми, на Армострон му се заканува затвор поради тепачка во супермаркет минатата година, кога прво го удрил работникот по лицето, а потоа и го шутирал откако тој му рекол дека не може да купи цигари.

Тој потоа беше уапсен.

„Стана агресивен откако му кажаа дека не може да купи цигари. Тој го удри работникот прво со тупаница, а потоа со нога откако падна на подот“, пишува во обвинението потпишано од обвинителот Нејтан Фулер.

Не можел да набави цигари бидејќи продавницата била привремено затворена, а работниците биле на пауза. Но, насилно влегол внатре и направил инцидент и штета од 2.000 фунти.

Последниве години беше на другата страна на законот, има проблеми со дрогата, а во 2016 година беше уапсен поради поседување кокаин и екстази.

Да потсетиме, во 1995 година стана првиот фудбалер кој падна на допинг тест, а во 2005 година ја заврши играчката кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.