Фудбал
Поранешниот селектор на Македонија, Ангеловски: Гоце Седлоски ни риба, ни девојка!
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, преску социјалните мрежи упати „отровни стрели“ кон првиот човек на ФФМ и изборот на новиот селектор. Тој за Гоце Седлоски напиша дека е ни риба, ни девојка, а изборот го нарече несериозен пристап на раководството на ФФМ. Неговата реакција ја пренесуваме во целост.
Селекторот Гоце Седловски ни риба ни девојка!
Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седловски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ!
Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!
При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се “регулираат парите во оптек”
Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да Ви бидат задоволени.
Ваков скандал колеги “мои” кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате Ве молам да не ми се јавувате!
Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци!
Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат “фудбалски стаорци”
После се што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца кој се одржуваше во исто време кога беше промоција на новиот селектор во хотелот Хилтон и тоа од моите колеги кои беа во огромен број е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став.
Ако еден зборува тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш.
Mакедонскиот фудбал ова не го заслужува!
Игор Ангеловски – поранешен селектор на Македонската Фудбалска Федерација кој заедно со целиот стручен штаб, играчите, техничкиот и медицинскиот персонал го постигна најголемиот историски успех во македонскиот фудбал.
ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО!