SportM
Фудбал

Поранешниот тренер на Јунајтед – Лингард се изедначи со Иниеста: Тој има такви квалитети…

Д М7 фев 2020
Поранешниот тренер на Јунајтед – Лингард се изедначи со Иниеста: Тој има такви квалитети…

Џеси Лингард игра навистина очаен фудбал во последната година и пол.

Овој 27-годишник нема постигнато гол во Премиерлигата од декември 2019 година, но и покрај неговиот очаен учинок и катастрофалната форма, има и такви кои го сметаат за играч сличен на легендарниот Андрес Иниеста.

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рене Меуленстен смета дека Лингард ги има квалитетите на Иниеста.

„Џеси често одеше на позајмица, но тој постојано се враќаше. Луис ван Гал му даваше шанса и тоа е она што му требаше. Џеси секогаш имаше играчки квалитет каков што Иниеста имаше во Барселона”, рече Меуленстен и продолжи:

„Според мое мислење, тој е тип на играч што за противниците е исклучително тешко да го задржат. Лошата форма е предизвикана од помала самодоверба“, убеден е тој.

Меуленстен работеше во Манчестер Јунајтед од 2001 до 2013 година.

Тој стана тренер на првиот тим во 2007 година и остана таму до 2013 година кога замина во рускиот Анжи. Тој во моментов е асистент на австралискиот селектор Греам Арнолд.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.