Порано го водеше нападот на Ливерпул и ПСЖ, денес игра во Литванија!
Д М15 фев 2020

Повеќето љубители на фудбалот сигурно го помнат ова име: Дејвид Н’Гог! Напаѓачот, кој својата кариера ја започна во два познати клубови како ПСЖ и Ливерпул, со години бележи пад во неговата кариера.
Оној кој го водеше нападот на ПСЖ во 2007 година, како и нападот на Ливерпул во 2010 година, сега стана дел од Жалгирис, добро познат тим во Литванија. 30-годишниот фудбалер неодамна беше претставен во литванскиот клуб, додека последната негова авантура беше во Унгарија со Будимпешта Хонвед. Од напуштањето на Ливерпул во 2011 година, Н’Гог бележеше само пад во кариерата, каде се поврзуваше со екипи како Болтон, Свонси и Ремс.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



