Пораз и од Словенија, Македонија “заборави” да постигнува голови, шест меча во низа без радост

Македонија го загуби и вториот меч во Лигата на нации, овој пат од Словенија со 2:0. Уште еден натпревар на кој нашата репрезентација не постигна гол. Оваа црна серија трае веќе шест меча, прв пат во историјата. Од доаѓањето на Гоце Седлоски Македонија нема победа. За разлика од дуелот со Швајцарија, овој натпревар го завршивме со еден директен удар во рамките на голот, барем така гласеше статистиката по крајот на мечот.
Селекторот Седлоски направи неколку промени во стартниот состав, дури осум во однос на оној почетниот против Швајцарија, но ниту тоа не донесе позитивен исход. Сега останува само надеж дека конечно ќе биде прекината црната серија без постигнат гол и без победа, а шанса за тоа има веќе в сабота кога во Скопје гостува Шкотска.
Поврзани вести

Зошто Рафинја не блеска во Бразил исто како во Барселона? Анчелоти го разбира „проблемот“ и одлучува да го „копира“ Флик

Премиер лигата ги открива конкретните обвиненија против Манчестер Сити, доаѓа реакцијата од „Граѓаните“

