Пораз на Македонија од Франција со гол во последните секунди
Редакција7 авг 2024

Кадетската македонска репрезентација попладнево загуби од соодветната француска селекција со 29:28 на стартот на Европското првенство во Црна Гора.
Македонските ракометари пружија голем отпор на фаворизираните Французи, но примија гол во самиот финиш и останаа без бод.
Нашите ракометари во два наврата имаа плус три на почетокот на мечот (3:0 и 5:2). Истата разлика Франција ја имаше во финишот (28:25) и ја искористи за конечен минимален триумф.
Најефикасен во македонскиот состав беше Дамјан Митев со девет погодоци.
Утре, во второто коло, Македонија ќе се соочи со Германија (почеток 12 часот).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



