Фудбал
Португалија поразена, срамен потег на Кристијано Роналдо и директен црвен картон (ВИДЕО)
Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин.
Cristiano Ronaldo reaction to his red card vs Ireland
I’m sad right now. ☹️ pic.twitter.com/ZkZBS0uoJU— ®️𝒪𝓇𝒾𝒹𝒶 𝒶𝓁𝒾..𓆃 (@can__55__) November 14, 2025
Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со 4-0 до која дојде со головите на Мбапе (55 минута, пенал, 83), Олисе (76) и Екитике (88) и стана втората европска репрезентација, по Англија, која обезбеди пласман на Мундијалот идната година во САД, Мексико и Канада.
На едно коло до крајот на квалификациите, Франција го обезбеди првото место со 13 бодови, шест повеќе од второпласираниот Исланд и третопласираната Украина.
Португалија, исто така, имаше можност да го обезбеди своето место на Светското првенство во четвртокот вечер заедно со Франција и за тоа ѝ беше потребна победа против Ирска во Даблин, но натпреварот заврши со победа од 2-0 за домаќините.
Ирскиот херој беше Треј Парот, кој ги постигна двата гола, првиот во 17 минута и вториот во 45 минута.
Португалија во завршните триесет минута беше со играч помалку на теренот, откако главниот судија, по консултација со ВАР собата, му покажа црвен картон ан Роналдо поради удирање со лакт на противнички играч.
Пред завршното коло во Групата Ф, Португалија води со 10 бодови, Унгарија е втора со осум, Ирска е трета со седум, додека Ерменија е последна со три бодови.