SportM
Фудбал

Последната понуда на Баерн за Кејн

Д М28 јул 2023
Последната понуда на Баерн за Кејн

Фото: SINGAPORE, SINGAPORE – JULY 26: Harry Kane #10 of Tottenham Hotspur reacts after a missed attempt during the first half of the pre-season friendly against the Lion City Sailors at the National Stadium on July 26, 2023 in Singapore. (Photo by Yong Teck Lim/Getty Images)

Сагата за тоа каде следната сезона ќе игра легендата на Тотенхем, Хари Кејн, трае од стартот на летниот преоден рок, а може да заврши деновиве.

Претставниците на Баерн денеска полетаа за Лондон за да се обидат да го убедат претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да им го продаде Кејн, пренесуваат британските медиуми.

Капитенот на Англија има договор со Спарс до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја смени средната. Во еден момент се чинеше дека Баерн ќе биде неговиот нов клуб, но тврдоглавиот сопственик на Тотенхем, Даниел Леви, одби две понуди од германскиот шампион, од 70 и 80 милиони евра. Тогаш како опција се појави Манчестер Јунајтед, но се уште не пристигнала конкретна понуда од Олд Трафорд, а во игра наводно е и Пари Сен Жермен.

Сепак, Кејн сака да оди во Баерн и тоа може да биде одлучувачки фактор на крајот. Третата и последна понуда од Баварците наводно ќе биде 90 милиони евра.

Дали тоа е бројка што ќе го задоволи Леви, останува да видиме…

Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.