Поврзи се со нас

Фудбал

Поставата на Реал за натпреварот со Интер е веќе позната, Зидан мораше да „измисли“ десен бек

Реал Мадрид утре од 21 часот се среќава со Интер во важен натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Мадриѓани освоија само еден бод во првите две кола и немаат право на грешка против Интер, кој исто така мора да постигне добар резултат затоа што има два бода во првите две кола.

Сето ова ни сугерира дека утре може да биде интересно на стадионот „Алфердо Ди Стефано“ во Мадрид, каде Реал игра натпревари додека се реновира „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми веќе ја открија поставата што ја подготви Зинедин Зидан. Лука Модриќ ќе стартува на клупата, а од првата минута повторно Еден Азар, откако постигна одличен погодок против Уеска.

Варан и Рамос ќе играат пред Куртоа, бекови Васкез и Менди а везен Касемиро, Крос и Валверде во средниот ред, додека Асенсио и Азар се очекуваат во нападот на страните и на средина Бензема.

Зидан го направи најсилниот тим што можеше во моментот, а има најмногу проблеми на позицијата десен бек, поради што Васкез мора да игра затоа што недостасуваат Карвахал, Одриозола и Начо, а ги нема ниту Милито ниту Одегард.

Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа; Лукас Васкез, Варан, Рамос, Менди; Валверде, Касемиро, Крос; Асенсио, Бензема, Азар.

loading...

Facebook