Постигна 600 голови за Манчестер Сити, а потоа потпиша за Јунајтед

Непредвидено и големо изненадување за Манчестер Сити откако суперталентираниот Чарли Мекнил реши да потпише професионален договор со Манчстер Јунајтед.
16-годишниот напаѓач шест години беше член на младинските тимови на граѓаните, постигнувајќи 600 голови, но според извештајот на „Дејли меил“, тој извршил високо предавство.
Имено, Мекнил ги постигна сите детали за договорот со Манчестер Јунајтед, и се збогува од претходните соиграчи со порака на социјалните мрежи.
“Благодарам за сè на Манчестер Сити во изминатите шест години. Задоволство ми беше да играм со неверојатни играчи. На сите им посакувам се најдобро”, изјави младиот Англичанец.
Како што може да се очекува во Сити, овој потег не беше добро прифатен. Непријатно изненаден беше и Пеп Гвардиола, кој Мекнил планираше повремено да го користи во првиот тим. Во Јунајтед за сега само тишина.



