Постигнат договор за намалување на платите во Барселона
Д М27 ное 2020

Барселона постигна договор со играчите и тренерите за намалување на платите.
Поради лошата финансиска состојба, во текот на изминатиот месец траат преговорите за намалување на платите, а како што соопшти Барселона денес, постигнат е принципиелен договор.
Барселона на овој начин ќе заштеди околу 122 милиони евра, а договорено е да се одложи исплатата на бонусите за оваа сезона во износ од околу 50 милиони евра. Овие бонуси ќе бидат исплатени во рок од три години.
Клубот спомена и дека договорот мора да биде одобрен од играчите и тренерите кои ќе бидат нешто повеќе погодени од овој договор.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



