SportM
Фудбал

Постојано беше исмејуван, а сега ја испиша историјата на еден од најдобрите клубови во Германија

Д М2 окт 2022
Постојано беше исмејуван, а сега ја испиша историјата на еден од најдобрите клубови во Германија

Германскиот напаѓач Тимо Вернер по втор пат во кариерата е член на Лајпциг.

 

Во 2016 година овој клуб му плати 23 милиони евра на Штутгарт, а Вернер во четири сезони стана еден од најдобрите европски напаѓачи.

 

Одличните игри и голгетерската серија вроди со плод во 2020 година, кога лондонски Челзи го купи за околу 50 милиони евра, но работите не одеа баш најдобро во Лондон.

Таму Германецот беше цел на постојан потсмев поради неверојатните промашувања кои ги забележа, па на навивачите не им беше тешко кога го напушти клубот.

Она што може да го одземе како позитива од времето во Челзи е секако трофејот во Лигата на шампионите што го освои во 2021 година со лондонскиот тим.

 

Вернер за Челзи настапи на вкупно 89 натпревари, постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција.

 

Летово Вернер реши да се врати во Лајпциг, а германскиот тим за неговите услуги на Челзи му плати 20 милиони евра и потпиша со него до летото 2026 година.

Тој покажа дека Лајпциг е градот и клубот во кој Вернер најдобро се чувствува веднаш по неговото враќање кога постигна гол на своето второ деби за Лајпциг.

Вчера неговиот тим го совлада Бохум со 4:0 во осмото коло од Бундес лигата, а Вернер постигна два гола за да оствари големо достигнување.

 

Имено, Вернер е првиот фудбалер во историјата кој постигнал 100 гола во дресот на Лајпциг, а моментално е на бројката од 101.

На вечната листа на стрелци го следат Даниел Фран (85 голови), Јусуф Поулсен (81), Емил Форсберг (59), Кристофер Нкунку (55) и други.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.