Connect with us

Фудбал

Постојат гласини за финансиски проблеми: Францускиот фудбалер го продаде медалот од Светскиот куп

Објавено:

Француската репрезентација го освои трофејот на Светското првенство што се одржа пред две години во Русија.

Триколорите одиграа фантастично првенство и на крајот стигнаа до злато со победа од 4:2 во финалето над Хрватска.

Радоста по трофејот беше неизмерна. Фудбалерите гордо позираа со медалите, а помалку од две години подоцна еден од нив одлучи да го продаде мидалот.

Неименуван фудбалер го испрати медалот на аукцијата и успеа да доби понуда од 71.875 американски долари за него. Ова го потврди аукциската куќа „Juliens Auctions“, но не го даде името на фудбалерот кој се ослободи од спомените.

Бидејќи не се знае името на фудбалерот кој го продаде медалот, се претпоставува дека некој влегол во финансиски проблеми, а други шпекулираат дека сумата ќе биде исплатена во добротворни цели.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама