Потпис во следните 72 часа: Дивок Ориги има нов клуб

По осум години минати во Ливерпул, вклучително и одредени позајмици, Дивок Ориги го напушти „Енфилд Роуд“ како слободен играч.
Ориги никогаш не бил во првите редови меѓу „црвените“, но ги постигна некои од најважните голови во подемот на славниот англиски клуб во последните години.
Со текот на времето го понесе епитетот „златен џокер“ бидејќи често со своите голови го спасуваше тимот на Јирген Клоп.
Како што стојат работите, белгискиот напаѓач на крајот од сезоната го напушта Енфилд, а веќе е познат неговиот следен клуб. Кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
„Tuttomercato“ пренесува дека сите детали околу трансферот на Ориги во Милан ќе бидат готови во следните 72 часа, а потоа и потпис.
Ориги со Росонерите ќе потпише четиригодишен договор вреден 3,5 милиони евра, а во новата сезона треба да се бори за стартниот состав заедно со Оливер Жиру.
Прашање е што ќе биде со Златан Ибрахимовиќ, кому исто така му беше понуден нов договор, но под многу послаби финансиски услови од сега.
Ориги во Ливерпул пристигна од Лил за 13 милиони евра, освен во францускиот клуб, извесен период беше и на позајмица во Волфсбург.



