SportM
Фудбал

Потписи во Милано, но навивачите се најмалку заинтересирани за тоа сега

Д М26 јун 2020
Потписи во Милано, но навивачите се најмалку заинтересирани за тоа сега

Можеби навивачите на „Сан Сиро“ очекуваат засилувања, и нема сомнение дека ќе има, но засега потписите се однесуваат исклучиво на играчите кои се во тимот.

Асмир Беговиќ треба да потпише пократок договор за да остане на позајмица до крајот на сезоната, но многу поважно за сите во Милано е што ќе потпишe Златан Ибрахимовиќ, Лукас Биглија и Бонавентура.

Имено, нивните договори истекуваат на 30 јуни, но тие ќе потпишат до 31 август со цел да останат во Милано до крајот на сезоната.

Заедно со нив и Беговиќ, до крајот на сезоната ќе останат и Симон Кјаер и Алексис Салемакерс, иако нивните договори за заем важеа до крајот на овој месец.

Се верува дека многу од нив ќе го напуштат Милан на крајот на сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.