Потресна приказна од Украина: Млад фудбалер го загуби животот, татко му во солзи даде потресна изјава

Војната во Украина и руската инвазија на земјата е главната вест во светот.
Неколку спортисти влегоа во виорот на војната, а некои ги загубија животите.
Последните двајца кои за жал загинаа во руската инвазија на Украина се фудбалерите Виталиј Сапило и Дмитриј Мартиненко.
Таткото на Витали Сапило даде шокантна изјава за Билд по смртта на неговиот син.
„Тој сакаше да се бори за својата земја, својот народ, но Путин му го одзеде животот. Се расипа првиот тенк, а потоа и вториот и сето тоа резултираше со тоа да го најде својот вечен одмор“, изјави таткото на Витали Сапило.
Покрај споменатите двајца фудбалери, животот го загуби и биатлонецот Јевхан Малишев, кој беше голема надеж на спортот во биатлон.
Според последните информации, уште неколку украински спортисти ги оставиле на страна кариерите и тргнале во војна за да се борат за својата земја која ги минува најтешките моменти во својата историја.



