Организаторите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина веќе во втората недела од натпреварувањето се соочуваат со неочекуван проблем – останале без кондоми, пишува италијанскиот весник La Stampa.
Сите 10.000 кондоми кои биле бесплатно достапни за спортистите во Олимпиското село биле потрошени за само три дена, а наводно организаторите ветиле нова пратка без да прецизираат кога ќе пристигне.
Традицијата на делење кондоми на Олимписките игри трае уште од Летните олимписки игри во Сеул 1988, со цел промовирање на безбедно сексуално однесување меѓу спортистите.
Сепак, бројката од 10.000 парчиња за околу 2.900 спортисти се покажала како недоволна – што е нешто повеќе од три кондоми по лице.
На Летните олимписки игри во Рио 2016 биле поделени дури 450.000 кондоми, на Летните олимписки игри во Париз 2024 имало повеќе од 200.000, додека во Токио 2020 биле достапни 160.000 парчиња.
На Зимските олимписки игри во Пјонгјанг во 2018 година биле поделени 110.000, па јасно е дека годинашната бројка е значително помала во споредба со претходните изданија.
Инаку, Олимписките игри отсекогаш, покрај спортски спектакл, биле и место за дружење, создавање пријателства и романси.