SportM
Фудбал

Потврдени преговори за купување на гигантите, буџетот за трансфери огромен, приоритет стадион

Д М18 апр 2022
Потврдени преговори за купување на гигантите, буџетот за трансфери огромен, приоритет стадион

Арапскиот фонд Инвесткорп започна преговори за купување на познатиот италијански фудбалски клуб Милан.

Италијанските медиуми пред два дена објавија дека процесот за купување на гигантите од Милан треба да заврши до крајот на овој месец, а сега пристигна и официјалната потврда од амбасадата на Бахреин во Велика Британија.

„Инвесткорп влезе во ексклузивни преговори за купување на италијанскиот клуб Милан за 1,1 милијарди долари (една милијарда евра). Инвесткорп е основан во 1982 година и нуди разновидно и навистина глобално инвестициско портфолио и управува со имот од над 42 милијарди долари ширум светот“, се наведува.

https://twitter.com/BahrainEmbUK/status/1516031465104060417

Компанијата од Бахреин има намера да вложи многу пари во тимот, а се очекува во текот на летото да бидат издвоени околу 300 милиони евра за трансфери, додека еден од приоритетите е да се забрза изградбата на стадионот кој ќе се дели со градскиот ривал Интер.

Милан моментално му припаѓа на Елиот, но наскоро ќе падне во рацете на богатите Арапи, а потоа по долго време би можел да биде конкурентен и на европската сцена. Вториот најтрофеен клуб во Лигата на шампионите по долго време минатата сезона освои пласман во Лигата на шампионите, сега е лидер во Серија А и се бори за Скудетото.

Милан пред оваа вест беше подготвен да потроши околу 100 милиони евра, но сега ќе биде уште полесно за раководството и челниците на клубот, а Паоло Малдини и соработниците веќе работат на трансфери кои ќе го засилат тимот за новата сезона.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.