Потврдено, Рис Џејмс мора да направи уште една пауза

Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс ја обнови повредата на коленото и ќе мора да направи уште една пауза.
Џејмс се врати на теренот за прв пат од октомври, но мораше да го напушти теренот рано во второто полувреме против Борнмаут.
Денешните прегледи покажаа дека Џејмс во најдобар случај ќе паузира околу еден месец, па се очекува да биде на теренот кон крајот на јануари.
Ќе го пропушти преполниот празничен распоред – гостувањето во Нотингем Форест, потоа две врзани дербија со Сити во ПЛ и ФА Купот, па серија натпревари во првенството со Фулам, Кристал Палас, Ливерпул.
Се очекува во негово отсуство на местото по десната страна да го заземе Цезар Аспиликуета.
Иако, не е исклучено Потер да изненади со изборот на играчи, бидејќи досега како крилни играчи ги испробал и Стерлинг и Пулишиќ…



