Connect with us

Фудбал

Повреден е и Џуд Белингем!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска ја потврди повредата на Џуд Белингем.

Англичанецот го напушти теренот во победата над Жирона, откако постигна два гола, откако заработи повреда на скочниот зглоб.

По денешните прегледи е утврдено дека повредата не е безопасна, а Белингем ќе отсуствува две до три недели.

Тоа значи дека Белингем ќе го пропушти гостувањето кај РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, како и првенствените натпревари против Рајо Ваљекано и Севиља.

Се очекува Белингем да биде подготвен за реваншот со Лајпциг, како и за гостувањето кај Валенсија на „Местаља“ на 2 март.

Освен Белингем, во аут се уште е и Антонио Ридигер, а ќе го пропушти и Лајпциг, а се враќа Нако Фернандеш. Тибо Куртоа, Едер Милитао и Давид Алаба се веќе повредени и наскоро нема да бидат на теренот.

Advertisement