Повторно Модриќ и Роналдо? Хрватот доби баснословна понуда!

Легендата на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, доби прекрасна понуда од Саудиска Арабија.
Клубот на Кристијано Роналдо, Ал Наср, на Модриќ му понудил договор на две и пол години, според кој еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња би имал плата од над 40.000.000 годишно.
А Реал Мадрид ќе добие понуда за обештетување доколку Модриќ биде ослободен веќе оваа зима, а во случај европскиот шампион да ги одбие Саудијците, Ал Наср планира да го ангажира Модриќ како слободен агент на лето, „Оказ“, соопштија влијателен медиум од Саудиска Арабија.
Модриќ (37) игра за Реал од 2012 година и многупати ги има освоено сите најважни трофеи со овој тим. Пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати заедно со Роналдо, со кој уште еднаш можеше да ја дели соблекувалната.



