SportM
Фудбал

Познат идентитетот на бундеслигашот обвинет за силување

Д М11 јун 2022
Познат идентитетот на бундеслигашот обвинет за силување

Фудбалерот негира дека ја силувал девојката, а германскиот бундеслигаш постојано комуницира со своите адвокати.

Бројни светски медиуми објавија дека 25-годишниот фудбалер заедно со уште еден маж е уапсен под обвинение за силување на 18-годишна девојка на Ибица.

Како што пишува британски Сан, девојката имала повреди по телото, па веднаш завршила во болница. Двајцата осомничени од средата се во притвор и чекаат распит на кој ќе се одлучува дали ќе платат кауција или ќе бидат задржани во притвор.

– Двајца германски државјани се уапсени откако жената и кажала на полицијата дека била сексуално нападната на Ибица – изјави портпаролот на Граѓанската гарда на Ибица.

Првично не се знаеше кој е фудбалерот, но сега е откриено дека се работи за играчот од средниот ред на Штутгарт, Атакан Каразор.

– Играчот од средниот ред на Штутгарт, Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Тој негира било каква криминална активност. Штутгарт е во постојан контакт со адвокатите – соопштија од германскиот клуб.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.