Познатата листа на клубови кои летово го одбија Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се уште не се откажал од својата одлука да се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.
Португалецот на крајот од минатата сезона им порача на клупските челници дека сака да си оди, иако пред една година пристигна во Манчестер Јунајтед од Јувентус.
Целта на Роналдо е да потпише за клуб кој оваа сезона игра во Лигата на шампионите, а од тоа се уште не се откажува иако сезоната во Англија започна пред десетина дена.
Колку е решен да го напушти клубот покажа на почетокот на подготовките кога воопшто не се појави на прозивката и пропушти поголем дел од подготвителните натпревари, но проблемот беше што не успеа да најде нов клуб. .
Во Манчестер Јунајтед дури се свесни дека најдобро е Роналдо да си замине од клубот, но не добиле никаква понуда за него.
Во последно време дури се шпекулира дека Јунајтед е подготвен бесплатно да го пушти Роналдо и да му го раскине договорот, но за Португалецот е неверојатен проблем што не успеа да најде клуб кој би го довел.
Неговиот агент Жорге Мендеш преговараше со многу клубови низ Европа во текот на летото, но ништо не излезе од договорот. ЦР беше поврзуван со неколку европски гиганти, но никој од нив не сакаше да потроши огромни пари за него.
Англиските медиуми денеска објавија листа на клубови кои летово го одбија Кристијано Роналдо, што звучи сосема неверојатно со оглед на тоа дека тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Клубовите кои летово ја отфрлија можноста да го доведат Роналдо во своите редови се: Милан, Интер, Баерн, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и Атлетико Мадрид.
🚨 Clubs that have so far rejected the chance to sign Cristiano Ronaldo this summer:
❌ AC Milan
❌ Inter Milan
❌ Bayern Munich
❌ Chelsea
❌ Real Madrid
❌ PSG
❌ Atlético Madrid(🗞️ @CorSport) pic.twitter.com/tKxY2r1JLg
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 16, 2022
Роналдо се надева дека раскинувањето на договорот со Јунајтед би можело сето тоа да го сврти, бидејќи тогаш ќе може да си најде нов клуб без обештетување. Сепак, времето истекува и се чини дека Роналдо на крајот ќе мора да остане во Манчестер Јунајтед.



