Познати детали за трансферот на Касемиро во Манчестер

Манчестер Јунајтед е многу блиску до потписот на бразилскиот играч за врска Касемиро од Реал Мадрид.
По лошиот старт на сезоната и двата последователни порази во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед почнува да го обновува тимот, а клубот одлучи да го откупи договорот на Касемиро за цели 70 милиони евра.
Реал се согласи на продажба на 30-годишниот фудбалер, а зделката треба да биде комплетирана наскоро. Сега се познати деталите за трансферот.
Манчестер ќе му плати вкупно 70 милиони, додека играчот ќе потпише на четири години и ќе заработува дури 18 милиони евра по сезона.
Касемиро е жител на Мадрид речиси 10 години. Во клубот пристигна во 2013 година, а една сезона помина на позајмица во Порто.
Тој би можел да дебитира во дресот на Ливерпул веќе во понеделник против големиот ривал на Јунајтед, Ливерпул во третото коло од Премиер лигата, барем така мислат оптимистите колеги во Англија.
Со Реал Бразилецот зеде се што можеше. Освои дури 18 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.
Благодарение на одличните настапи во Реал, Касемиро стана незаменлив член на бразилската репрезентација за која одигра 63 натпревари и постигна пет гола.
Манчестер со недели се обидуваше да го доведе Френки де Јонг од Барселона, а на крајот го избра Касемиро, но клубот работи и на други засилувања. Наводно блиску до приклучување е и холандскиот напаѓач Коди Гакпо од ПСВ.
Во исто време, Ајакс одби понуда од 80 милиони евра за големиот Антони, кого сака да го задржи барем уште една сезона.



