Познати ривалите на Алкалоид, Бутел и Охрид!
Редакција22 сеп 2026

Македонските претставници во ЕХФ купот денес ги дознаа противниците за 2. коло.
На извлекувањето во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, бранителот на трофејот во натпреварување Охрид за противник го доби турскиот Спор Тото. Охриѓани прво ќе бидат домаќини, а реваншот ќе го играат на гости.
Шампионот од пред две години, Алкалоид ќе игра против австрискиот Ферлах. И Алкалоид на првиот меч ќе биде домаќин
Бутел ќе се соочи со Горица (Хрватска), прво на гости, потоа на домашен терен.
Првите натпревари ќе се играат на 17/18 октомври, а реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.
Тиквеш не успеа да ја мине првата рунда од ЕХФ купот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



