Connect with us

Фудбал

Познати цените на влезниците за мечот Македонија-Велс во март!

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за цената на влезница за натпреварот Македонија – Велс (Национална арена „Тодор Проески“, 25. март 2025) од квалификациите за СП 2026.

Цената на билет за првиот домашен натпревар од мундијалските квалификации изнесува 300 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 900 денари е билет за прва категорија (северна трибина, блок 15).