Тајмаут
Познатиот голман направи шок-трансфер: Стигна во Париз, а за сè е виновна најубавата жена на светот (ФОТО)

Седумгодишната епизода на Кевин Трап во Ајнтрахт заврши, и тоа на најдобар можен начин – со пласман на клубот од Франкфурт во Лигата на шампионите. По 287 одиграни натпревари, Трап одлучи да продолжи понатаму, а за своја нова дестинација го избра Парис ФК. Медицинските прегледи беа успешно завршени, а вкупната вредност на трансферот изнесува 1.000.000 евра, што е солидна сума за играч на 35 години. Искусниот голман така се враќа во Франција, каде што претходно го носеше дресот на ПСЖ, а сега потпиша тригодишен договор.
Познато е дека семејството Арно (брендот Луј Витон) мнозински сопственик на Париз, располага со огромни финансиски средства и планира уште поголеми инвестиции во иднина. Сепак, овој пат во преговорите со Кевин Трап примениле еден мал трик. Имено, Трап е голем љубител на модата, а е оженет со бразилската манекенка Изабел Гулар, која моментално живее во Париз. Гулар неколку пати била прогласувана за најубава жена на светот, а француските медиуми истакнуваат дека токму таа била пресудниот фактор што Трап одлучил да премине во редовите на новиот прволигаш.