SportM
Фудбал

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави трансфер, но по реакцијата на фудбалерот на Сити мораше да брише

E R21 авг 2025
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави трансфер, но по реакцијата на фудбалерот на Сити мораше да брише

Фото: tv21m

Фабрицио Романо во средата објави дека дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, е многу блиску до трансфер во Галатасарај, но она што следеше ги шокираше љубителите на фудбалот ширум светот – се огласи фудбалерот, а објавата беше избришана!

Имено, Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски инсајдер, рече дека понудата од 15 милиони е прифатена и дека остануваат само уште неколку ситни детали за договорот да биде потпишан, но следуваше шок.

Имено, на самиот пост за трансферот со коментар се јави самиот Аканџи, кој напиша дека не знае ништо околу тоа што го напишал. Веднаш потоа Романо го избриша постот поради што следуваа многу реакции, пред се негативни од неговите следбеници на социјалните мрежи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.