SportM
Фудбал

Познато е каква откупна клаузула има Де Лихт во договорот со Јувентус

Д М6 апр 2021
Познато е каква откупна клаузула има Де Лихт во договорот со Јувентус

Неодамна се шпекулираше дека Матијас де Лигт би можел да го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.

Де Лигт пристигна кај Старата дама како големо засилување од Ајакс пред две години, но не е премногу задоволен од резултатите на клубот од Торино.

Пред неколку дена во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Де Лихт сака да замине во Барселона и дека наводно жали што не го сторил тоа пред две години.

Во тоа време, Холанѓанецот беше на чекор од Барселона, но тој реши да потпише за Јувентус. Истакнатиот новинар Фабрицио Романо објави дека е тешко да се очекува Де Лихт да го напушти Јувентус на лето.

Тој откри дека Холанѓанецот има откупна клаузула од 150 милиони евра во договорот, која ќе биде активна летото 2022 година. Јувентус сега не сака да го продаде бидејќи тој е еден од најважните играчи и скоро е сигурно дека ќе го гледаме во дресот на Старата дама и следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.