SportM
Фудбал

Познато е зошто Барселона се уште не го официјализирала трансферот на Маркос Алонсо

Д М2 сеп 2022
Познато е зошто Барселона се уште не го официјализирала трансферот на Маркос Алонсо

Барселона синоќа беше во центарот на вниманието кога дојде до крајот на летниот преоден рок.

Каталонскиот клуб летово направи големи промени во играчкиот кадар, а Чави Ернандез успеа да се ослободи од фудбалерите на кои пред неколку месеци им порача дека нема да смета.

Сепак, во центарот на вниманието синоќа беше трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој кариерата ја продолжи во дресот на Челзи.

Барселона во последните минути од преодниот рок успеа да го комплетира трансферот на искусниот офанзивец во Челзи, а се потврди дека Каталонците по неговата продажба заработиле 14 милиони евра.

Но се уште никому не му е јасно што се случува кога е Маркос Алонсо во прашање бидејќи овој лев бек е дел од трансферот на Обамејанг.

Угледниот новинар Фабрицио Романо објави дека Алонсо секако е дел од овој трансфер и дека пред полноќ ја комплетирал документацијата околу раскинувањето на договорот со Челзи, што клубот го потврди, но дека не е точно јасно зошто Барселона не го објави неговото доаѓање.

Алонсо потпиша договор со Каталонците, но Романо вели дека сето тоа ќе биде објавено утрово бидејќи имало одредени проблеми.

Имено, Барселона се уште нема доволно средства да го регистрира Алонсо и е во контакт со Ла Лига, но им олесна тоа што Алонсо конечно пристигна како слободен играч и имаат време да го пријават.

Се очекува утрово Барса да ги разреши сите дилеми кога е во прашање Алонсо и официјално да потврди дека овој лев бек е новото и последно летно засилување на каталонскиот клуб.

Алонсо веќе се договорил за се со Барселона и ги поминал лекарските прегледи, а наводно потпишал и тригодишен договор. Сега Барса го решава проблемот што се појави со Ла Лига, но се очекува се да биде во најдобар ред.

Така Барселона успеа да заработи 14 милиони евра за Аубамејанг кој го донесе бесплатно пред половина година, а го доби и Маркос Алонсо, што секако е одлична работа за нив.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.