Познато е зошто Халанд одби да замине во Манчестер Јунајтед

Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд вчера официјално потпиша за Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб успеа да донесе 19-годишен напаѓач кој го воодушеви фудбалскиот свет со дресот на Ред Бул Салцбург за само 20 милиони евра.
Халанд има постигнато дури 22 гола на 28 натпревари и го привлече интересот на многу клубови. Иако многумина беа уверени дека тој ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, тој на крајот ги отфрли „црвените ѓаволи“ и го избра Дортмунд.
Англиските медиуми денеска објавија дека „виновник“ е преговарачот Мино Рајола. Тој најпрво побара откупна клаузула во договорот на Халанд од „само“ 50 милиони евра, што Јунајтед секако не ги прифати.
Тие, исто така, побарале провизија за неговиот татко Алф-Инге Халанд, што тие исто така го одбиле. Но, Дормунд со задоволство го прифати сето ова и за неколку дена сè беше договорено.
Имено, Дортмунд му плати на Салцбург 20 милиони евра за Халанд, 15 милиони од трансферот заработи Рајола, додека 10 милиони евра отидоа кај таткото на Халанд. Германскиот клуб на тој начин потроши 45 милиони евра за да го донесе Норвежанецот.
Така продолжи лошата врска меѓу Рајола и лидерот на Јунајтед извесно време. Се чини дека овој агент не сака неговите играчи да играат на „Олд Трафорд“.



