SportM
Фудбал

Пред 10 години беше најскапиот англиски фудбалер, сега игра за „ситница“

Д М30 ное 2021
Пред 10 години беше најскапиот англиски фудбалер, сега игра за „ситница“

Искусниот англиски напаѓач Енди Керол неодамна потпиша како слободен агент за Рединг во Чемпионшип.

Викендов Керол го постигна својот прв гол во дресот на Ридинг и се чини дека се уште има „муниција“ во нозете на овој 32-годишен напаѓач.

Но, јасно е и сосема логично дека ова не е ни сенка на оној Керол од пред 10 години кога беше најскапиот англиски играч. Тој тогаш пристигна во Ливерпул за 41 милион евра, требаше да го наследи Фернандо Торес, но неговата кариера беше во голем пад.

Тој се пресели во Вест Хем, па во Њукасл за кој играше до 2019 година, а сега како слободен играч потпиша за Ридинг кој му даде договор на само неколку месеци.

Англиските медиуми открија дека некогашниот најскап Англичанец денес игра во втората лига за само 1000 фунти неделно.

Некој ќе рече дека не се малку пари, туку за островски стандарди и за тоа што во Ливерпул заработувал 4,9 милиони евра годишно, а во Вест Хем и над 5 милиони евра – премалку.

Неговиот најголем успех во кариерата е Лига купот со Ливерпул во сезоната 2011/21 и освојувањето на Чемпионшип со матичниот клуб Њукасл во сезоната 2009/10.

Пред неколку месеци, поранешниот англиски репрезентативец даде урнебесна изјава, велејќи дека неговите деца се уште мислат дека тој ќе потпише за клубови како Барселона или Манчестер Сити.

„Мислев дека тука ќе ја завршам кариерата и Њукасл ќе биде мојот дом во следните четири или пет години. Од повеќе причини тоа не се случи. Искрено, ми беше тешко да не играм особено кога мислев дека можам направи разлика на теренот“, изјави Керол за Атлетик, додавајќи:

„Моето шкафче се уште е на стадионот.“

„Сакам да играм што е можно подолго. Моите деца сè уште веруваат дека ќе потпишам за Манчестер Сити или Барселона, но сите знаеме дека тоа нема да се случи. Сепак, тие ме туркаат да најдам клуб и тоа е она што го сакам и јас. Сакам да играм пред моето семејство и да победувам. Страста за фудбалот не исчезна“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.