SportM
Тајм аут

Пред една година освои злато на Олимписки игри, а сега е уапсен со спуштени га*и поради учество во мрежа за проституција (ВИДЕО)

Редакција14 мај 2025
Пред една година освои злато на Олимписки игри, а сега е уапсен со спуштени га*и поради учество во мрежа за проституција (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Американскиот освојувач на златен олимписки медал Кајл Фредерик Снајдер беше уапсен во државата Охајо како дел од голема полициска рација.

Имено, според американските медиуми, 29-годишниот борач бил уапсен за учество во мрежа за проституција, а тоа било затоа што американската полиција „го фатила на лице место со спуштени гаќи“. Тие објавиле лажни контакти за ескорт и закажале средби со секој што бил заинтересиран, а Снајдер бил еден од 16-те мажи кои паднале во нивната стапица. Тој закажал состанок во хотелот и платил во готово и побарал орален секс. Веднаш бил уапсен, а по викендот бил пуштен да се брани од слобода и мора да се појави на суд на 19 мај.

Станува збор за борач кој освоил злато на Олимписките игри во Париз во 2024 година и сребро во Токио во 2021 година. Освоил седум медали на светските првенства, бил трикратен национален шампион на Универзитетот во Охајо и се смета за еден од најдобрите борачи во историјата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.