Пред Македонија падна и Романија, следна е Франција
Редакција16 јул 2024

Младинската машка селекција продолжува со победничкиот ритам на MEN’S 20 EHF EURO 2024.
Денес во СС „Три Лилије“ во Лашко, Словенија младинска селекција славеше победа против селекција на Романија со резултат 26:31.
Следен противник на младинците е Франција , а натпреварот е закажан да се оддигра на 18.07 (четврток) со почеток во 12:00 часот.
Македонија разигрува за пласман од 9-то до 12-то место, ако победи ќе биде 9-та на ЕП.
За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен голманот Иван Галевски.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



