SportM
Фудбал

Пред средбата со таткото на Меси, одборот на Барселона се подели

Д М1 сеп 2020
Пред средбата со таткото на Меси, одборот на Барселона се подели

Одборот на Барселона има длабоки несогласувања околу иднината на Лео Меси само еден ден пред Жосеп Марија Бартомеу да се сретне со неговиот агент и татко Хорхе.

Клубот јасно стави до знаење дека Меси нема да замине се додека некој клуб не ја плати ослободителната клаузула што е во неговиот договор, односно 700 милиони евра.

Сепак, не сите членови на одборот на Барса се задоволни од ова и сметаат дека треба да се разгледа логичен пристап со реална бројка бидејќи играчот веќе го поставил барањето да замине.

Доколку клубот се обврзува на клаузулата за ослободување од 70 милиони евра, тоа значи дека Меси ќе биде уште поиритиран и со тоа не би играл воопшто додека не замине без пари следната година.

Од друга страна, продажбата на Меси би помогнала во финансиската состојба на клубот, кој се најде во големи загуби поради пандемијата на коронавирусот, а и Аргентинецот и клубот сакаат мирно да се разделат.

Јасно е дека никој во Барселона не сака Меси да си замине, но тие признаваат дека неговото заминување ќе му даде економски поттик на клубот, со кои пари ќе го подготват клубот за живот дури и по напуштањето на бројот 10.

Што и да се случи, Бартомеу треба да донесе брза одлука, а Хорхе Меси денес слета во Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.