Предлог сезоната во Италија да продолжи на 27 мај со куп-натпреварот Јувентус – Милан
Д М16 апр 2020

Советот на Серија А предложи да се продолжи прекинатата фудбалска сезона во Италија поради пандемија на коронавирус, на крајот на мај со реваншите од полуфиналето на националниот куп.
Челниците на клубовите ќе разговараат за оваа идеја во вторник.
Натпреварите од полуфиналето, Јувентус – Милан и Наполи – Интер се предложени да се одржат на 27 и 28 мај, а првенството да биде продолжено на 31. со цел да се заврши сезоната до 2 август.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



