Connect with us

Фудбал

Преговараат за заем: Челзи ја изненади Барселона со барањето за Кутињо

Филипе Кутињо во моментов игра на позајмица во Баерн, но скоро сигурно ќе се врати во Барселона на крајот на сезоната.

Баерн има опција да го купи неговиот договор за 120 милиони евра, но сега е речиси сигурно дека тоа нема да се случи. Кутињо ќе се врати во Барселона, но каталонскиот клуб веќе работи на „ослободување од него“.

Веќе некое време се шпекулира дека Кутињо ќе се врати во англиската Премиер лигата, при што најголем интерес за него покажа Челзи.

Според каталонскиот „Спорт“, Барса и Челси договорат заем за следната сезона, а потоа „Сините“ ќе имаат можност да го купат неговиот договор од Блауграна.

loading...

Но, многумина се изненадени од овој потег на Челзи. Барселона, наводно, сакала да постави откупна клаузула од 57 милиони фунти, но во Челзи барале сумата да биде поголема, што збуни многумина.

Не е јасно зошто Челси сака да плати повеќе за Кутињо отколку што бара Барселона, но јасно е дека ќе дојде објаснување доколку информациите од каталонски „Спорт“ излезат како точни.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com