Connect with us

Фудбал

Преговорите пропаднаа: Лингард го напушта Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу Џеси Лингард и Манчестер Јунајтед за новиот договор пропаднале, што значи дека англискиот репрезентативец во блиска иднина ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Актуелниот договор на Лингард со Јунајтед истекува на крајот од сезоната. Тоа значи дека тој може да го промени клубот во јануари или на крајот на сезоната.

Можеше да си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, бидејќи по успешната позајмица во Вест Хем, го преплавија покани од други клубови. „Би-би-си“ пишува дека одбил дури шест одлични понуди, решен да остане и конечно да се избори за место во тимот на Оле Гуанар Солшер.

Сепак, оваа сезона само еднаш беше стартер во тимот на Манчестер Јунајтед. И тоа во натпреварот од Лига Купот против Вест Хем. Влезе во игра вкупно седум пати, но на теренот мина нешто повеќе од еден час.

Вест Хем сака да го врати во Лондон во јануари, но бројни клубови надвор од Англија (Барселона, Милан, Атлетико Мадрид покажују) пројавуваат интерес за фудбалерот, кој е член на Манчестер Јунајтед од својата седма година.

Реклама

Facebook

Реклама